Црногорскиот тим извлече четиригодишно дете од урнатините во турскиот град Хатај.
Според информациите, црногорскиот тим осум часа бил во урнатините каде што копал тунел низ кој го повлекле момчето.
Во земјотресите и последователните потреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија загинаа повеќе од 22.000 луѓе, надминувајќи го бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Фукушима во Јапонија во 2011 година, објави денеска „Си-Ен-Ен“.