130 спасувачи од Армијата и ДЗС на терен во Турција

Спасувачите денеска извлекоа жива жена од урнатините во Турција што предизвика овации од присутните околу 110 часа откако таа беше закопана од силниот земјотрес што предизвика смрт и уништување низ целиот регион.

Спасувачките екипи меѓу кои се и над стотина спасувачи од Македонија водат битка со времето, знаејќи дека секој поминат час и ден значи дека бројот на настрадани ќе биде уште поголем.

Официјалниот број на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се искачи на 25.401- во Турција 21.848, а во Сирија 3.553.

За жал, спасувачите најчесто вадат починати од под урнатините, но токму спасувачи од нашата земја завчера извлекоа живо дете од урнатините.

-Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешна успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.Нашиот армиски тим по сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини по што по 6 часовно расчистување на рушевините слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат пет годишниот Сулејман од рушевините, информираа од Армијата.

Во моментов во Турција се ангажирани 60 припадници на Армијата.

Армискиот тим составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња први стигнаа во Турција, а вчера отпатува дополнителниот армискиот состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини.

Освен припадниците на Армијата, во Турција е тим од 70 припадници од Дирекцијата за заштита и спасување-противпожарни и спасувачки екипи од Штип, Струмица, Кавадарци,Охрид, Велес, Скопје, Куманово.

Тие функционираат во помали тимови и се упати на различни места за спасување во градот Адијаман.

Од Министерството за здравство денеска информираа дека од Амбасадарата на Турција добиле информација дека нема потреба од ангажман на терен на медицински персонал од нашата земја. Министерот за здравство Беким Сали се заблагодари на 500 лекари и медицинари кои се пријавиле да заминат во Турција.

 

Треба да знаете
Последни објави