Цврсто сме решени да ги користиме предностите на ИКТ индустријата за создавање напредно информатичко општество, а со тоа да се зголеми продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор. МИОА подготви нацрт национална ИКТ Стратегија на Република Северна Македонија 2023-2027 година која е објавена на ЕНЕР кон крајот на 2022 а беше одржана и јавна расправа. Целта е да го достигнеме просекот на ЕУ земјите во однос на развојот на дигитално општество и економија, водејќи се од стратешките определби на Дигиталниот компас на Европската Унија во оваа дигитална декада- вели за 24 инфо Александар Бајдевски, заменик министер за информатичко општество и администрација.
Обезбедено е учество во програмата и организацијата Дигитална Европа, која претставува многу важна програма финансирана од ЕУ, затоа што се фокусира на доближување на дигиталната технологија до бизнисите, граѓаните и јавната администрација, го забрзува економското закрепнување и ја обликува дигиталната трансформација на европското општество и економија.
Системот за Централен регистар на население го проширивме со функционалности кои овозможуваат брза интеграција со системот на Државната изборна комисија. Ова е првиот ИСО 27001 сертифициран систем во министерството. Важноста на системот ја препознаа и меѓународните организации СИГМА и РеСПА кои минатата година доделија Специјална награда – признание за Овозможувач за дигитална трансформација и зголемена пристапност до податоците. Системот успешно работи 3 години а до сега преку истиот се споделени околу 14.300.000 податоци.
Националниот портал за електронски услуги активно се користи од граѓаните.На истиот има 150.853 регистрирани корисници, 227 електронски услуги, од кои 88 се на пораталот, а вкупно поднесени се 31.761 барања.
За прв пат е обезбедено комплетното конкурирање за програмите на Министерството за култура, да оди преку онлајн процес. Во 2022 г. развиени се вкупно 42 е-услуги, од кои 22 е-услуги на МВР и 20 е-услуги на Министерство за култура.
Платформата за интероперабилност ја користат и институциите и приватните компании. Можност за размена на податоци и информации имаат 52 институции вклучително и приватни компании. Преку платформата за интероперабилност во 2022 година направени се 2.728.504 трансакции.
Во рамки на проектот „Зајакнување на е-влада“ (Enhancing e-government, EuropeAid/140244/DH/SER/MK), финансиран од програмата ИПА 2017, развиен е софтвер за дигитализација на регистри, кој ќе помогне во забрзување на процесот на дигитализација на регистрите од институциите. Целта на проектот е да се зголеми бројот на достапни електронски услуги на Националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk), како за граѓаните, така и за правните лица. Во рамки на проектот се планира дигитализација на услуги и дигитализација на регистрите потребни за услугите. Главни придобивки ќе бидат кратењето на времето за испорака на услугите и зголемување на квалитетот на електронските услуги. Станува збор за развој на 135 нови електронски услуги. Овие бројки го покажуваат неоспорниот факт: силно се стремиме за зголемување на бројката на електронските услуги во полза на граѓаните и развивањето на дигитализацијата воопшто.
Колку тие процеси се безбедни и колку се работи на сајбер безбедноста имајќи ги предвид честитe хибридни напади?
Целтанахибриднитенапади е давлијаатврзјавностаилипроцесите, населението да се подели, да се внесе неред, немир, недоверба во институциите.
Хибриднитезаканикакокомбинацијаодвоени и невоенисредства, вклучуваат дезинформации, сајбер-напади, економскипритисок, употреба и распоредувањенанерегуларнивооруженигрупи, употребана регуларни воени сили.Брзината, обемот и интензитетот на хибридните закани е зголемен последните години. Затоа, отпорноста, превенцијата и подготвеноста за одговор на хибридните закани е врвен приоритет за нашата земја.
Со имплементацијата на електронските услуги во Република Северна Македонија значително ги подобруваме процесите и функционирањето на целото општество, но самите услуги и апликациини носат и нови предизвици и сајберризици. Тоа значи дека нефункционалните ИКТ системи и сериозните сајбер напади можат да имаат значително негативно влијание врз функционирањето на јавниот и приватниот сектор, како и нацелотоопштеството.
Сајбер заканите се меѓу нај значајните безбедносни закани врз современите општества, што е основна причина истите да се третираат како интегрален дел од националната и меѓународната безбедност.
РСМ континуирано и посветено работи на развивање на својата инфраструктура и способности за сајбер безбедност, преземајќи чекори за градење партнерства со сите чинители во општеството, академијата, субјекти од приватниот сектор и меѓународни организации.
Оваа соработка е од суштинско значење за справување со растечките предизвици и ризици, преку меѓусебно споделување на заеднички стандарди, искуства, информации и најдобри практики.
Од стратешки аспект, подготвена е нова Националната стратегија за сајбер безбедностна РепубликаСевернаМакедонија 2023-2027, за беше одржана јавна расправа на крајот на јануари 2023.
Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти – MKD CIRT, како официјална национална точка законтакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи, редовно и континуирано идентификува и обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици. Главните цели на MKD CIRT се: делување како централна точка за прашањата од областа на сајбер безбедноста; обезбедување совети и информации за рано предупредување во однос на можни безбедносни закани и ризицина конституентите и институциите; обезбедување неопходни услуги за справување со безбедносни инциденти; соработка и разменување информации со институциитенадлежни за спроведување на законите, а особено со оние од областа на сајбер криминалотиконтинуирано подигање на свесноста кај граѓаните за негативните ефекти одсајбер заканите и компјутерскиот криминал.
Со поддршка на USAID-CIDR програмата креиран е CICWG форум чија цел е да ги олесни активностите кои се спроведуваат за подигнување на отпорноста на сајбер закани на критичната национална инфраструктура. Во форумот се вклучени странски експерти и претставници од МИОА, МВР, МО и MKD-CIRT, при што главната цел на истиот е да делува како механизам за координација и соработкапомеѓу клучните чинители во насока на дефинирање на критична инфраструктура, проценка на ризици, планирање на начини за ублажување/отстранување на ризици, и развој и имплементација на механизми за споделување информации. Во таа насока беа одржани и обуки за сајбер безбедност на критична инфраструктура за претставници од институциите кои се одговорни за истата.
Во тек се активности за вклучување на нашата држава во проектот за формирање Центар за градење на капацитети за сајбер безбедност на Западен Балкан, кој ќе биде со седиште во Црна Гора. Овој проект е резултат на заедничка иницијатива меѓу Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Министерство за надворешни работи на Словенија. Главната цел на овој центар е да врши обука и сертификација наобучувачи од областа на сајбер безбедноста, во насока на зајакнување на оперативните и институционалните капацитети на владите од земјите од Западен Балкан во функција на справување со сајбер заканите и нападите. Активностите за обука на центарот, кои целосно ќе се темалат на стандардите на ЕУ, ќе го опфатат сајбер криминалот, сајбер безбедноста и дигиталната дипломатија.
Реформата во јавната администрација е тема за која се зборува со години, до каде е тој процес и што треба да очекуваме од него?
Наша цел е деполитизирана, ефикасна, ефективна и отчетна јавна администрација, каде ќе владее европскиот систем на вредности, со мерит систем и голема професионалност. И ова не се само празни реченици, туку со конкретни активности го потврдуваме тоа.
Модернизацијата и унапредувањето на државната и јавната администрација се постојано актуелни и претставуваат основа на целокупниот јавен сектор, од кој зависат процесите и развојот во секое демократско општество. Имено, реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети во пристапното партнерство и важен предуслов во процесот на европската интеграција на нашата држава. Свесни сме за важноста на реформата на јавната администрација, која согласно новата Методологија за пристапни преговори, за првпат конкретно се дефинира како област која е опфатена со процесот и е дел од првиот Кластер-Основи, кој е од суштинско значење за динамиката на преговорите во целина. Соочени со предизвиците што се пред нас, не само во насока на процесот на разговорите за пристапување во ЕУ, туку и континуирано да работиме на обезбедување на модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти,
Имено, активно работиме на Новата Стратегија за РЈА(2023-2030) која е документ со реални цели и активности кој ќе придонесе кон подобрување и приближување на нашата земја кон стандардите на ЕУ. При дизајнирањето на Стратегијата се земаа во предвид наодите и препораките согласно меѓународните документи
Морам да нагласам дека во процесот ја имаме експертската поддршка на РеСпа и СИГМА.
Владата континуирано ја потврдува својата политичка заложба да води редовен, инклузивен и транспарентен дијалог со сите релевантни засегнати страни. МИОА формираше работна група со вклучени претставници од државни институции, граѓанскиот сектор и меѓународни организации со седиште во нашата земја. Министерството организираше во месец декември и јавна расправа во однос на нацрт Стратегијата за РЈА.
Како главни цели се унапредување на моделот на вработување и оценувањето темелено врз компетенции, поедноставување и доуредување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, нов систем на пресметка на плата, дополнително мотивирање на вработените и унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата, зголемување на ефикасноста и ефективноста на постапките за управување со човечките ресурси, јасна регулација на мерит постапка за вработување со избор на најдобриот кандидат, поедноставување на постапката за донесување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работни места, поедноставување на постапката за годишните планови за вработување, воведување на унапреден концепт за планирање и следење на вработувањата, унапредување на правата и обврските на вработените во јавниот сектор, унапредување на постапките на мобилност и унапредување на инспекцискиот надзор.
Процесот на реформи е долготраен процес и Реформата на јавната администрација се одвива во континуитет. И токму тоа сакам да го потенцирам, процесот не е запрен и одлучни сме да ја професионализираме администрацијата.