Во Турција денеска е пронајдено телото на државјанин од Босна и Херцеговина, Ангел Пешевски. Телото било затрупано под рушевини од една зграда во Малатија каде што работел Пешевски.
Информацијата ја потврди и компанијата во која Пешевски бил вработен, а за тоа е известена и Амбасадата на Босна и Херцеговина во Анкара.