Фудбалерите на Вест Хем и Челзи ремизираа денеска 1:1 во 23. коло од Премиер лигата.Тоа е трето последователно реми за „сините“ во Премиер лигата, додека „чеканите“ пак освоија бод по ремито со Њукасл во претходното коло.
Екипата на Челзи и покрај тоа што во тимот ги имаше сите нови засилувања за кои платија над 600.000.000 евра во преодниот рок, не успеа пак да победи. Тимот на Потер имаше предност со Вест Хем, ама на крајот може да бидат среќни со освоениот бод на стадионот во Лондон.
Стартот на мечот не најавуваше ваков епилог, затоа што уште во 16. минута новајлијата Жоао Феликс со голот првенец донесе предност за гостите. Асистент беше најскапото засилување во историјата на англискиот фудбал, Енцо Фернандез. Сепак, предноста ја анулира поранешниот играч на „сините“ Емерсон во 28. минута. Во првиот дел, судиите му поништија два гола на Челзи, оправдано, поради офсајд.
Во второто полувреме и двете екипи играа безидејно и безопасно, доказ за тоа е дека немаше ниту еден шут во рамки на двата гола. Од Челзи се очекуваше повеќе, но евидентно беше дека на тимот му фали оној класичен центарфор за завршница. Вест Хем успеа да постигне еден гол, кога во 82. минута реализира Соучек, ама беше поништен со ВАР поради офсајд и така мечот заврши нерешено.