Победникот во нашата група ги оправда сите свои квалитети, Белгија стигна до убедливи 102:43 во последното шесто квалификациско коло за Европското првенство 2023. По триумфот над Босна и Херцеговина во Сараево, кај македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација се зголеми самодовербата пред денешниот меч во СРЦ „Кале“ – Скопје, но брзо се врати во реалноста.
Секоја чест на Белгијанките, кои од првата минута максимално професионално го одработуваа својот дел до задачите. Но евидентно беше во играта на нашата селекција токму тој, и превисок респект од големината на противникот.
Уште во првите 10 минути Белгијките покажаа зошто ја имаат фаворитската улога (28:5). Во раната фаза од дуелот капитенот на нашата селекција Митрашиновиќ веќе имаше три лични грешки.
Во втората четвртина подобро функционираа македонските кошаркарки во нападот, а релативно добро се справуваа и со физички доминантните белгиски репрезентативки, во преден план, Линскенс, Мејси и Месеман.
Во продолжението далеку порамноправна беше играта на теренот, макар што Белгија продолжи со ефикасната игра. Но, за разлика од првите 10 минути, Македонките играа доста послободно во офанзивниот сегмент, и релативно добро парираа. На истекот на третата четвртина гостинската селекција водеше со повисоки 69:32.
Без промени се одвиваше играта и во последниот период во кој само стигна потврдата за светската класа која ја има овој состав на Белгија, кој без никакви проблеми стигна петтата победа во шест одиграни натпревари во „А“ квалификациската група, и до место на следниот европски самит на најдобрите женски селекции кој во 2023 година ќе се одржи во Израел и Словенија. Митрашиновиќ реализираше 15 поени, а пет помалку запиша Антиќ.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2023
ГРУПА А
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6 КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Белгија 43:102
20.00 часот Босна и Херцеговина – Германија
ТАБЕЛА:
1.Белгија 6 5 1 548:330 11 бодови
2.Германија 5 3 2 343:299 8
3.Босна и Херцеговина 5 2 3 351:408 7
4.Македонија 6 1 5 304:503 7