Во тензичен натпревар Тиквеш и Алкалоид одиграа нерешено

Тиквеш му погледна во очи на фаворитскиот статус на Алкалоид и се избори за реми пред своите гледачи во Кавадарци, со конечни 31-31, поставни на драматичен начин, во последните секунди од мечот.

Алкалоид водеше со два разлика последно на 22 секунди до крајот, па звучни доста неверојатно дека успеа да ја исппушти од раце. Беше 29-27 во 59. минута, кога Михајло Младеновиќ доби исклучување. Тоа не го спречи Алкалоид да продолжи да постигнува голови, но поради играта без голман, не знаеше да ја сочува својата мрежа. Двапати постигнуваше гол за плус два и двапати примаше гол на незаштитени стативи, од брз центар.

Последниот напад Џонов го претвори во техничка грешка, подлегнувајќи на жестокиот пресинг на Тиквеш, па осумте секунди до сирената му беа доволни им Данило Брестовац и неговите избраници да погодат за реми. Честа ја имаше најдобриот стрелец на кавадарчани, српскиот плејмејкер, Страхиња Симиќ. Четирите секунди кои останаа за Алкалоид беа доволни да се упати удар, но не и за нов погодок. 

Домаќинот уште од почетокот ја изрази својата мотивација преку експлозивна и посигурна игра во првото полувреме. Наметна водство од плус три и по 15 минути игра водеше со 10-7. Предноста стигна најмногу до плус четири, последно во 24. минута, а оттука почна финишот на Алкалоид во првото полувреме. Со креативен напад, направи серија од 5-1 и се избори за резултатска нула на паузата, 16-16.

Како што го заврши првиот, Алкалоид така го почна и вториот дел и во 39. минута стигна до највисокото свое водство, 21-18. До крајот не се одлепи посериозно, но подлегна на притисокот од домаќините. Велков беше, можеби најзаслужниот, покрај Симиќ, што Тиквеш се врати во живот, преку своите 14 интервенции, а српскиот среден бек броеше до седум гола. Во Алкалоид, Благојче Трајковски броеше до 10 одбрани, а Иван Џонов цел меч беше натпросечен со седум гола.

Дербито на првото плеј-оф коло имаше и инцидент, во 45. минута, кога повеќе играчи тргнаа во пресметка, откако Александар Петковски без намера го погоди во глава голманот Марјан Велков. Тоа резултираше со три исклучувања во Алкалоид и две за Тиквеш.

Треба да знаете
Последни објави