Утрово во 08:34 часот е регистриран земјотрес во Албанија. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во Јадранското море на 29 километри од градот Драч и на длабочина од 2 километри.
Земјотресот е почувствуван во повеќе градови во Албанија.