Турција издаде 113 налози за апсења на лица во врска со урнатите згради од земјотресот

Турските власти издале 113 налози за апсења на лица вклучени во изградбата на згради кои што се урнаа од земјотресот кој во понеделникот го зафати осум регион на земјата. Турската полиција, соопшти дека 12 лица веќе се во притвор.

Со години, експертите тврдеа дека новите згради во Турција се небезбедни поради ендемска корупција и владините политики. Ваквите политики дозволуваа амнестија за изведувачите кои ги заобиколуваат градежните стандарди, со цел да се охрабри градежен бум, вклучувајќи и нови објекти во регионите подложни на земјотреси.

Илјадници згради се срушија од силните потреси што го наметна прашањето дали последиците од природната катастрофа се влошени поради човечки грешки.

Треба да знаете
Последни објави