Американската актерка Анџелина Џоли ги повика своите следбеници на Инстаграм да им помогнат на Турција и Сирија, кои во понеделникот беа погодени од разорниот земјотрес.
„Моето срце е со народот на Сирија и Турција. Тешко е да се замисли неверојатната болка и страдање низ кои сега поминуваат многу семејства“, напишала Џоли, пренесува Анадолија.
Холивудската ѕвезда напиша дека ја дала донацијата и изрази надеж дека „другите ќе размислат за донирање“ за да им помогнат на спасувачките тимови да продолжат со својата работа.
Таа сподели слики од областа погодена од земјотресот и линк за донирање.
На крајот на минатата година, Џоли ја напушти функцијата специјален пратеник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), која ја извршуваше неколку години, пренесе Танјуг.