На 11.02.2023 во 22.16 часот во Полициска станица Аеродром И.М.(36) пријавила дека во 22.00 часот пред зграда на подрачјето на Аеродром била физички нападната од најзината сосетка М.Р.(50), и двете од Скопjе.
Во врска со случајот било пријавено и дека околу 22.10 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Р. и 39-годишната Ј.Л.М.(39) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.