Никос Христодулидис нов претседател на Кипар

Поранешниот кипарски министер за надворешни работи, Никос Христодулидис победи со 51,9 отсто од гласовите против дипломатот Андреас Мавројанис во вториот круг од претседателските избори на Кипар, покажаа официјалните резултати врз основа на 100 отсто преброени гласови, пренесува Ројтерс.

Христодулидис освои 51,9 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Андреас Мавројанис 48,1 отсто.

Во првиот круг, кога имаше 14 кандидати, Христодулидис освои 32 отсто од гласовите, а Мавројанис 29,6 отсто.

Христодулидис беше шеф на дипломатијата и главен преговарач во мировните преговори со кипарските Турци, како и постојан претставник на Кипар во Обединетите нации.

Тој е поддржан од централно-десничарските партии, додека Мавројанис има поддршка од левичарскиот АКЕЛ.

Сепак и двајцата се кандидираа како независни кандидати.

Новиот претседател ќе се соочи, пишува Ројтерс, со проблеми кои се движат од ќорсокак во разговорите за обединување со кипарските Турци, до работнички проблеми, инфлација, корупциски скандали и нагло зголемување на миграцијата.

Треба да знаете
Последни објави