Нинисто: Верувам дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО до јули

Претседателот на Финска, Саули Ниинисто во интервју за агенцијата СТТ изјави дека верува оти Финска и Шведска како членки на таа организација ќе учествуваат на самитот на НАТО во јули годинава, во Вилнус.

Нинисто рече дека во пролетта 2022 година Финска и Шведска слушнале многу охрабрувачки зборови од НАТО, кои тврделе дека нивниот влез ќе биде лесен, но тоа не било така.

„Гледам дека тоа е проблем во НАТО. Јасно е дека и членките на НАТО беа изненадени“ – додаде Нинисто, пренесува ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави