Централниот совет на Демократскиот сојуз денеска попладне ќе одржи седница на која ќе се расправа за претстојната реконструкција на Владата.
По завршување на седницата, како што најавија од партијата, вечер, во 19:00 часот, претседателот на ДС Павле Трајанов ќе даде изјава за медиумите.
Собранието денеска ја почна седницата на која треба да бидат избрани четворица нови министри и петмина заменици, според договорт за влегување на Алиајнса за Албанците во владејачкото мнозинство.