Јас затоа зборувам за Арбен Таравари затоа што ви е претседател на партија, откако на претходните избори добро го избојкотира Села со цел да доживеете катастрофа каква што доживеавте и да мора да си поднесува оставка, после тоа ја доби куќата на поклон и на крај влегува во влада. Тоа е траекторија која што мора да се знае и која што граѓаните мора да ја видат, му рече Александар Николоски пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на пратеникот Халил Снопче од Алијанса на Албанците.
Николоски му порача на Снопче дека благодарение на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Таравари победил во општина Гостивар, додавајќи дека нелогично е што Таравари добива на поклон куќа во Скопје, а не во Гостивар, прашувајќи го дали ќе се смени Деталниот урбанистички план во Гостивар за да може Таравари каде што има парк заедно со неговиот братучед да гради згради.
Јас не се сеќавам дека ниту една од овие работи која што ја кажавте на господинот Таравари му сметаа на изборите во Гостивар кога не молеше да го поддржиме со цел да го победи Бејта на избори, иначе ќе изгубеше. Да не беа нашите гласови сега Невзат Бејта ќе беше градоначалник на Гостивар, немаше да е Арбен Таравари и затоа е нелогично што добива куќи на поклон во Скопје, а не во Гостивар, затоа што и самиот очигледно не верува во градот кој што го води, рече Николоски.
Бонус прашање е дали ќе терате промена на ДУП со цел во паркот го Гостивар Арбен Таравари и братучед му да градат згради, го праша Николоски, пратеникот Снопче.