Русија е главната безбедносна закана за цела Европа, објавија денеска норвешките разузнавачи.
„Русија денес претставува најголема закана не само за норвешката, туку и за европската безбедност. Конфликтот со Западот ќе биде долготраен“, рече Бјорн Арид Грам, норвешкиот министер за одбрана.
Ларс Нордрум, заменик-шефот на норвешката разузнавачка служба, рече дека руските нафтени и гасни инсталации може да бидат цел на руски диверзанти.
Софи Нистром, директорка на Норвешката Агенција за национална безбедност, предупредува дека „ќе настрада цела Европа“ доколку овие објекти бидат нападнати.
„Норвешка моментално е главен снабдувач на енергија во Европа, бидејќи Русија го прекина извозот на енергија на Запад“, рече Нордум.
Но, норвешката безбедносна служба проценува дека е „малку веројатно“ Русија да може да изврши каква било саботажа на норвешка територија оваа година, пренесува Скај Њуз.