Интер не успеа да слави триумф на гости против Сампдорија, ремизирајќи без голови на гостувањето во Бергамо. Тимот на Симоне Инзаги беше голем фаворит пред овој меч, но не успеа тоа да го оправда.
Сампдорија грчевито се бори за опстанок во Серија А и овој бод против Интер сигурно и дава надеж дека може да ја оствари целта. Два меча по ред Сампдорија не знае за пораз.
Интер сега има 15 бода негатива во однос на лидерот Наполи.