ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска на ул.„Аминта Трети“, раскрсница со „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бб, ќе има реконструкција на водоводна мрежа Ф-150мм, поради што без вода ќе останат корисниците од ул.„Аминта Трети“, потегот помеѓу „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Никола Тримпаре“.
Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 11:00 часот до завршување на реконструкцијата.