Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оддржа координативна средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.
На средбата за разговараше за реконструкцијата на владата која е предложена во Собранието на Република Македонија.
Беше заклучено дека кадровските решенија за владиниот состав се резултат на „Пазар 3″ коалицијата каде примарен интерес не е напредокот на државата, туку бизнис интересите и личните кадровски амбиции.
Самите решенија кои се предложени укажуваат на тоа дека со владата управува ДУИ и Ахмети, а Ковачевски е слуга на неговите интереси.
Додека Ахмети и ДУИ ја топи и обезвреднува албанската опозиција, Ковачевски и СДС го плаќаат ваквиот план на Ахмети.
Овој владин состав нема да донесе ниту реформи, ниту напредок, туку криминал, матни тендери и продлабочување на кризата.
СДС и Ковачевски стануваат малцински партнер во својата влада, само за да им продолжи криминалот тие гласаат се што Ахмети ќе им предложи.
Доколку помине оваа реконструкција, Алијанса многу бргу ќе ја дочека судбината на Алтернатива, а Таравари за неколку месеци ќе сфати дека бил злоупотребен и дека трампал тендери за крај на неговата партија и кариера.