Починато момче и повредена девојка биле најдени вчера попладне паднати пред зграда во центарот на Скопје.
-На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од МВР.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Засега нема официјални информации што се случило, како се случило да паднат од зградата. Дилемата треба да се расчисти, по подобрувањето на здравствената состојба на девојката за таа да каже што се случило.
Во медиумите веќе се појавија информација дека станува збор за двојка која била во љубовна врска. За девојката се напоменува дека е од скопската населба Аеродором и пеела во познат скопски бенд.