Извозот на руско оружје и воена опрема во Индија надмина 13 милијарди долари во последните пет години, изјави директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугајев во пресрет на изложбата „Аеро Индија 2023“.
Тој рече дека Русија останува еден од клучните играчи на индискиот пазар на оружје.
Изложбата „Аеро Индија 2023 година“ се одржува во Бангалор од 13 до 17 февруари, а Русија, како што е најавено, на таа манифестација ќе презентира околу 200 видови оружје и воена опрема.