Министерот Оливер Спасовски денес во Музејот на македонската борба присуствуваше и се обрати на промоцијата на научниот труд „Раководење во полицијата“ на авторот, професор доктор Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност.
Министерот Спасовски пред еминентниот академски аудиториум потенцираше дека ова дело наменето за студиските програми за на Факултетот за безбедност го демонстрира јасниот и научен интерес на професорот Дујовски и на оваа наша најстара високообразовна институција од областа на безбедноста, фокусиран на натамошното истражување на полициското работење.
„Овој научен труд и учебник го гледам како логична и пожелна консеквенца на претходните повеќегодишни конкретни напори на авторот но и на други научни експерти, преку следењето на современите светски научни безбедносни трендови и предизвици, подлабоко да се навлезе во истражувањето на полициската практика, на позицијата, улогата, функционалноста и ред други градбени структури на полициската служба.“, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот Спасовски опсериваше дека авторот оди чекор потаму детално и стручно апсолвирајќи еден од се чини круцијалните нивоа на полициското работење- раководењето или менаџирањето со полициското работење, а низ призмата на сите актуелни и валидни образовно-професионални, организациони, законски и други полициски стандарди на времето во кое живееме, во кое што суштествува кое било современо демократско општество.
„Практиката и науката отсекогаш биле и се тесно поврзани, упатени една на друга, и ниту едно општество не може да се надева на успешност без следење и конкретно имплементирање на нови и нови научно-истражувачки сознанија. Во тој смисол трудот на професорот Дујовски, според мое длабоко убедување, целосно ја запазува таквата нужност, вредносно структуирајќи го истражувањето како корелација на практичното и теоретското.“, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот Спасовски на крај истакна дека од гледна точка на Министерството за внатрешни работи, нашите полициски службеници добиваат важен и стручно провокативен труд како во поглед на неопходното надградување на професионалната наобразба, така и во поглед на можноста за креативно антиципирање на изнесените опсервации и премиси на полициското функционирање а во насока на нормативно, организационо, структурно, оперативно унапредување на работењето.