Тројца ученици се повредени денеска во основно училиште во Казахстан во напад со секира и нож, а напаѓачот – ученик е приведен, соопштија властите.
Ученикот излегол од тоалетот со нож и секира, изјави службеник во Петропавловск, град со околу 200.000 жители во близина на руската граница, објави официјалната новинска агенција Казинформ.
Според тој извор, две деца повредени во главата и горниот дел од раката се пренесени во болница, а на третото дете му била укажана помош на лице место. Повредените две момчиња и едно девојче се во свесна состојба.
Напаѓачот, кој според првичните информации бил под психијатриски надзор, е уапсен и отворена е истрага за обид за убиство, соопштија од регионалното обвинителство.