Девизните резерви се на највисоко ниво и според податоците на НБРМ тие се сега 3,8 милијарди евра, истакна заменикот министер за финасии, Филип Николоски во гостувањето во ТВ24, зборувајќи за актуелните економски параметри. Тој додаде дека нашата економија осум квартали по ред бележи раст на БДП во време на најголема криза.
-Економијата расте и продуцира резултати. До минатиот март имавме минимална плата од 15,200 денари, а сега ќе изнесува 20,500 денари, што е раст од 33 проценти односно пет илјади денари. Согласно новата методологија што е донесена пензиите континуирано растат. Тие минатата година пораснаа за 10%, а следното покачување од 6%, означува дека пензиите се пораснати за 16% за само една година, а што е најважно тоа не се изборни години, ниту минатата имавме избори, ниту годинава имаме избори, кажа Николоски.
Тој нагласи дека пикот на инфлацијата бил во октомври во минатата година, а сега три месеци имаме по ред има намалување на инфлацијата.
-Трендот на намалување на инфлацијата продолжува и понатаму, па за неколку месеци, ќе имаме едноцифрени бројки на инфлација. Од ММФ веќе кажаа дека економиите заздравуваат и инфлацијата паѓа со забрзано темпо, истакна Николоски.