Во Адијаман, еден од градовите најтешко погодени од минатонеделниот разорен земјотрес во јужна Турција, една зграда остана недопрена.
Станува збор за културниот центар „Комагене“, кој го изгради Министерството за индустрија и технологија со средства од ЕУ.
Една од стотиците уништени згради во градот беше и таа на општината. Сепак, културниот центар „Комагене“, која се наоѓа веднаш до општината, воопшто не беше оштетена. Ниту стаклата на зградата не се скршени.
Изградбата започна во 2020 година, а центарот беше отворен во септември 2022 година.
Архитектите Јавуз Озкаја и Синан Ербуг стојат зад изградбата, додека самата зграда е под контрола на градот Адијаман,пренесе Индек.хр.