Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, изјави дека на Украина итно и’ е потребна поголема воена помош и повтори дека сојузниците на САД и НАТО ќе ја поддржуваат Украина долг временски период.
„Таа заедничка решителност ќе ја поддржи Украина во следните недели“, рече Остин на состанокот на НАТО во Брисел, пренесува „Ројтерс“.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес во Брисел уште еднаш истакна дека НАТО треба да се погрижи Украина да добие оружје „за да победи во оваа војна“.
Денеска во Брисел почна дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО, на која се разговара за одвраќање и одбрана на Алијансата и зајакнување на поддршката за Украина.