Мицкоски:На лозарите од Тиквешијата им посакувам добар, квалитетен и богат род, тие се најзаслужни што Македонија може да се пофали со квалитетно производство на грозје и вино

Почитувани,
Добар ден и од мене, задоволство и чест е на покана на градоначалникот, на покана на Митко да сум денеска овдека со кавадарчани. Да го одбележиме овој голем ден за кавадарчани, за луѓето од Тиквешијата, големиот празник, пресветиот великомаченик Трифун и да посакаме богат род, добар род, квалитетен род и да нормално земјоделците односно луѓето кои што се најзаслужни би рекол што Македонија може да се пофали со вака квалитетно производство на грозје, на вино, да добијат заслужена цена за тоа што ќе го сработат и за тоа што ќе го продадат. А како што еве веќе вие споменавте субвенциите да бидат само како би кажал додадената вредност на сето тоа. Апел и до откупувачите да ги поддржат земјоделците, да ги поддржат лозарите, да ја почитуваат маката кое што тие ја вложуваат за да може денеска Тиквешијата да биде еден од најбогатите со грозја вина региони на Балканот, а зошто да не така да биде во Европа во иднина.
Така што уште еднашка би сакал да им го честитам овој голем ден на лозарите и да  посакам добар, богат и квалитетен род.

Треба да знаете
Последни објави