Земјите од Балканот и Медитеранот, како и цела Турција, се под поголема опасност од многу други европски земји, како што е претставено на мапата.
Истражувачите од проектот „SHARE“, финансиран од Европската Унија, на мапа покажуваат кои земји се најпогодни за земјотрес. Како што покажува картата, тоа се Грција, Италија, Бугарија, Романија, Турција и балканските земји.
„Европа има долга историја на разорни земјотреси. Сите се сеќаваме на земјотресот во Измит (Турција) во 1999 година, како и во Лакуила (Италија) во 2009 година“, вели професорот Доменико Џардини, координатор на проектот „SHARE“.
Во Измит, силниот земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала однесе над 300 животи и целосно го уништи градот.
За да ја создадат мапата, истражувачите комбинирале податоци од преку 30.000 земјотреси низ Европа. Условот бил магнитудите на тие земјотреси да бидат поголеми или барем еднакви на 3,5 степени според Рихтеровата скала, земјотресите да се случиле од 1000-та година па сè досега и да предизвикале огромни штети.
За да ги соберат податоците, тие ги користеле достапните на интерактивната мапа на земјотреси во Европа – AHEAD.
Потоа ги споредиле податоците со повеќе од 1.100 активни раседи во Европа, кои заедно имаат должина од 64.000 километри.
Европската сеизмолошка мапа на опасност го покажува очекуваното движење на земјата или 10 отсто можност тоа да биде надминато за 50 години. Сината означува дека се работи за регион со ниска опасност, жолтата и портокаловата дека е регионот е со средно ниво на опасност, додека црвеното укажува на големо присуство на опасност во одредени региони.