Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Турција во областа Гоксун, кај Кахраманмарас.
Бројот на жртвите во Турција и Сирија надмина 41.000, а спасувачите се уште се обидуваат да најдат преживеани под урнатините.
Иако шансите да најдат некого се мали, тие не губат надеж, бидејќи чуда сепак се случуваат. Во прилог на ова е и веста дека по 212 часа од урната зграда извлекле 77-годишна жена.