Дуангпех Промтеп, едно од 12-те момчиња извлечени од пештера во Тајланд по неколкудневна спасувачка операција, почина во Велика Британија.
Причината за смртта се уште не е позната, но медиумите јавуваат дека тинејџерот се здобил со сериозна повреда на главата.
Промтеп присуствуваше на фудбалската академија на колеџот Брук Хаус во Лестер.
Починатиот тинејџер бил капитен на младински фудбалски клуб во Тајланд кога заедно со соиграчите и тренерот останал заробен во пештерата што тргнале да ја истражуваат. Спасувачката акција на 12 деца траеше две недели, а меѓу спасувачите беше и нуркач од Србија.
Момчињата кои беа заробени во пештерата со него објавија потресни статуси на Фејсбук откако дознале за смртта на нивниот пријател.
Од жртвата се прости и тајландската непрофитна фондација Зико, која му помогна на Промтеп да добие стипендија за студирање во Англија.
Промтеп, неговите соиграчи и тренерот од фудбалската репрезентација, беа заробени во пештерата Там Луанг во Тајланд во 2018 година откако навлезе вода поради обилните врнежи.
Промтеп тогаш имаше 13 години, а неговите пријатели од 11 до 16 години.
Тренерот и момчињата беа спасени од спасувачите по двенеделни операции за пребарување и спасување.