По 20 години од неговото бегство, телевизија Телма успеа да го сними денешниот изглед на Драган Даравелски, поранешниот директор на Царинската управа.
Тој излезе од затвор по 35 дена минати во Идризово и воопшто не застана пред новинарот да даде било каква изјава.
Надвор пред затворот го чекаа два автомобила со затемнети стакла, а тој се качи во еден од нив и се упатија кон Куманово. Осуденикот на седум години затворска казна очекува ново судење на кое ќе биде ослободен поради застареност на делото.