Со дигиталната трансформација на јавните услуги во Грција, во изминатите три години осум милиони граѓани ги користеле онлајн процедурите, наместо да посетат некоја од државните служби, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Податоците биле соопштени на настан организиран од Министерството за дигитална политика на Грција, по повод три години од воведувањето на „gov.gr“ сајтот на кој се достапни 1.514 процедури од вкупно 5.000 јавни услуги.
Освен низа документи кои може да се извадат онлајн, меѓу електронските јавни услуги е и „Gov.gr Wallet“ каде што граѓаните ги имаат личната карта и возачката дозвола во дигиталнен формат, а според „Катимерини“, во иднина ќе бидат воведени и други документи за лична идентификација.