АД ЕСМ вчера произведе 20.088 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.
При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 15.866, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.222 мегават часа електрична енергија.