Домаќинствата со ниски приходи да аплицираат за субвенции од 600 до 800 денари на сметката за струја до крајот на месецот

Министерството за економија и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи.

Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб- страната на Министерството за економија  и ќе трае до крајот на февруари. 

За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат.

Треба да знаете
Последни објави