Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан денеска планира да ја посети Турција, јави ДПА, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на поранешната советска република.
Синоќа беше објавено дека Мирзојан ќе се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, како и со ерменските спасувачи кои трагаат по преживеани од разорниот земјотрес во соседната земја на 6 февруари.
Посетата ќе се одржи во услови на неодамнешното зближување меѓу Анкара и Ереван, забележува ДПА.
Минатата недела Турција отвори контролен пункт на границата со Ерменија за првпат по три децении за да овозможи испорака на хуманитарна помош по земјотресот.