Претставници на бугарските здруженија во Македонија денес треба да остварат средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.
Средбата доаѓа во пресрет на утрешното истекување на законскиот рок во кој бугарските здруженијата се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување, пишува „Дојче Веле“.
Клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура, додека битолскиот клуб „Иван Михајлов“, најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународен суд.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји неодамна ги прими претставниците на македонските Бугари во Брисел, кои се пожалија за институционална дискриминација и омраза кон македонските Бугари, посочувајќи примери за тоа кон бугарските клубови, вклучително и нападот врз Христијан Пендиков во Охрид.