Аномалиите на Годишната програма си имаат своја „дијагноза”!
Револтот на јавноста и жестоките реакции во однос на објавените резултати од Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата продолжуваат да ја брануваат културната фела.
Дијагнозата на Годишната програма се вика: одлевање милиони од денарот за културата одвоен од сите македонски даночни обврзници, за партиско-сценски изведувачи и музички фестивали и манифестации на актуелната власт, кои ја љубат истата, како што ПМГ си ја љубат истата и, патем, си го собираат кајмакот во културата.
За споредба, ПМГ Рекордингс Фестивал 13 е финансиран со 1.020.000 денари во музичко-сценска дејност во програмата за фестивали и манифестации, исто како и Оффест, меѓународно етаблираниот фестивал кој собира значајни европски и светски музички имиња.
Нема доволно пари во финалниот колач на Министерството за култура и за други наши најпознати македонски брендови, кои очигледно не се приоритет. Фестивалот на забавната песна Макфест е „помогнат” два и пол пати помалку отколку ПМГ Фестивалот. Нема доволно пари за Јубилеен концерт во чест на Григор Копров, поддржан со 204.000 денари, а новиот музички материјал на Наум Петрески е поддржан со симболични 60.000 денари. Но затоа секогаш и доволно ќе има за ПМГ!
И секако за доброто расположение на Министерката ќе се погрижи лично Петар Грашо кој ќе одржи концерт во Битола, поддржан со 180.000 денари, одвоени од сите македонски даночни обврзници!
Без дискусија, расположението, забавата, веселбите и насмевките на Бисера Костадиновска Стојчевска се бесценети.