Би било подобро за сите земји од НАТО ако Шведска и Финска се приклучат заедно на Алијансата, наместо една по друга, изјави денеска финскиот министер за одбрана Мико Савола.
„Подобро е за Финска, подобро е за Шведска, а исто така и за НАТО ако двете земји станат членки заедно што е можно поскоро“, рече Савола пред средбата со колегите од земјите-членки на НАТО и Шведска во Брисел.
Тој додаде дека така планирањето ќе биде подобро, а Финска тесно соработува и со Шведска, која е нејзин најблизок партнер.