Скандалозна е изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји кои ги нарече европратениците идиоти, оценуваат пратениците во Европскиот Парламент и бараат негова оставка.
За време на седницата, микрофонот на Вархеји беше оставен вклучен, па по еден од неговите одговори се слушна како вели на унгарски: „Уште колку идиоти има?“
Еврокомесарот одговараше на прашањата на европратениците за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.
На почетокот на декември Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент најави отпочнување истрага за активностите на европскиот комесар за соседство и проширување на Европската унија.
Оваа информација на Твитер ја сподели холандскиот пратеник во Европскиот парламент, Тис Ројтен.
Истрагата, наведе Ројтен, ќе биде покрената поради наводите дека Вархеји намерно ги поткопува реформите во областа на демократијата и владеењето на правото во земјите кандидати за ЕУ.