Холандија и Данска се премислија, нема да ѝ испраќаат тенкови „леопард“ на Украина

Планот на Германија да испрати два тенковски баталјони во Украина веројатно нема да се оствари бидејќи Холандија и Данска се премислија и не се расположени да испорачаат тенкови „леопард“. Како што пренесува германски Велт, од двата главни борбени тенковски баталјони ветени на Киев, веројатно само еден ќе биде завршен.

Најверојатно е дека и тој еден баталјон составен од тенкови „Леопард 2“ од поновата генерација „2А6“ ќе остане некомплетен.

Досега се потврдени само 17 тенкови, 14 од Германија и три од Португалија. Еден баталјон требаше да се состои од 31 главен борбен тенк на Европа.

Како што соопшти портпаролот на холандското Министерство за одбрана, Холандија не сака да се вклучи во конфликтот и да ги испорача своите тенкови „Леопард 2“.

Холандија претходно вети 18 тенкови „Лепопард 2“ изнајмени од Германија за употреба во германско-холандски баталјон, но Холанѓаните сега не се подготвени да ги предадат за да бидат испратени во Киев.

„Одлуката е донесена во тесна консултација меѓу Холандија и Германија“, рече портпаролот.

Извори од данската влада, исто така, објавија дека, иако имаат 44 од најнапредните тенкови Леопард „2А7“, нема да се приклучат на Алијансата во испраќањето тенкови во Киев, јавуваат бугарските воени сили.

Има навестувања дека дури и Финска се откажува од испраќање тенкови.

На прашањето за учеството на Финска во испраќањето тенкови во Украина, портпаролот на Федералното Министерство за одбрана рече дека „оперативната форма и содржина“ на учеството е „тековен процес“.

Волстрит журнал, повикувајќи се на извори од НАТО, објави дека Хелсинки ќе и испорачува тенкови на Украина дури откако ќе биде прифатена во НАТО, чие членство Турција го блокира.

Треба да знаете
Последни објави