Кралицата Шарлот, дрската монархиња која се вмешува во хит-драмата на „Нетфликс“, добива своја спиноф-серија, поточно приказна за потеклото на популарниот лик.
Третата сезона со наслов Queen Charlotte: A Bridgerton story („Кралицата Шарлот: Приказна за Бриџертон“), која премиерно ќе биде прикажана на стриминг-платформата на 4 мај, се враќа во минатото за да го раскаже подемот на монархињата кон моќ и љубовниот живот, ќе ја прикаже младоста Шарлот и почетокот на нејзината љубовна приказна со кралот Џорџ Трети.
Серијата од шест епизоди е првиот спин-оф од Бриџертон, чие дејствие е сместено во Лондон од риџенси-ерата и чија прва серија стана глобален хит кога беше објавена кон крајот на 2020 година, добивајќи пофалби за диверзитетот на актерскиот тим.
„Навистина ми се допадна фактот што можеме да го прошириме универзумот и да им покажеме на луѓето како настанал светот на ‘Бриџертон’,“ им рече на фановите Шонда Рајмс, извршен продуцент и на Бриџертон и на кралицата Шарлот, на настан на кој беше објавен првиот официјален трејлер.