Финскиот министер за одбрана, Мико Савола денеска во Брисел изјави дека за сите членки на НАТО би било подобро Шведска и Финска да влезат во НАТО заедно, а не една по друга.
„За Финска, Шведска и НАТО е подобро двете земји, Финска и Шведска, да станат членки на НАТО што е можно поскоро“, рече Савола пред средбата со министрите за одбрана од земјите на НАТО и Шведска, пренесува Ројтерс.
Савола додаде дека е подобро поради планирањето и истакна дека Финска има многу блиска соработка со Шведска, а Стокхолм го нарече „најблизок партнер“.