Во периодот јануари – декември 2022 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 159.800.000 денари што е за 5,5 отсто помалку во споредба со истиот период претходната година.
Според Државниот завод за статистика, во наведениот период градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 151.402.000 денари, што е за 3,6 проценти повеќе во споредба со истиот период претходната година.