Резников останува министер за одбрана на Украина

Пред десет дена беше објавено дека е разрешен украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников и беше најавено дека наскоро ќе биде соопштено кој и кога ќе го замени.

Резников сепак останува министер, а тоа го потврди и самиот, објавувајќи фотографија од него и Зеленски.

Во последните недели Зеленски отпушти голем број функционери поради голем корупциски скандал. Иако Резников не беше директно поврзан со корупција, неговото министерство беше. Постои сомнеж дека Министерството за одбрана на Укрљина повеќепати премногу плаќало за храна.

Блиски соработници на Зеленски велеа дека Резников треба да го преземе Министерството за стратешка индустрија, а Кирило Буданов да стане министер за одбрана. 

Треба да знаете
Последни објави