Битиќи: Во приватниот сектор гледаме партнер за заедничко решавање на предизвиците

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во својство на ко-претседавач на Комисијата за јавно-приватен дијалог, која се одржува на редовно квартално ниво, изјави дека овој дијалог најдобро го отсликува пристапот на оваа влада која во приватниот сектор гледа еден партнер со кој на транспарентен начин се дискутира за предизвиците со кои тие се соочуваат и секако за изнаоѓање начин за нивно решавање.

На седницата присуствува Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, Заменик министерот за економија, Зоран Маневски, Заменик министерот за финансии, Филип Николоски и претседатели, заменици претседатели, извршни или оперативни директори на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија и од МАСИТ.

 Темите за кои дискутираа присутните беа увоз на работна сила, законот за работни односи, Даночни реформи, Енергетската криза и Закон за заштита на потрошувачи.

На првата точка од страна на коморите беше доставена анализа/ согледување од аспект на тоа кои дејности имаат потреба какви квалификации треба да поседуваат работниците, при што се презентираше и нивното гледиште дали има потреба да се зголеми квотата за вработување на странци. Економските комори дадоа нивно изјаснување дали имаат административни бариери и што најмногу им одзема време.

Во врска со Законот за работни односи, за кое е надлежно Министерството за труд и социјална политика, заменик министерот Енвер Хусеин рече дека во тек е подготовка на новиот Закон за работните односи, од вкупно девет јавни расправи се одржани осум, две во Скопје и по една во Струмица, Штип, Битола, Кичево, Гостивар и Кавадарци каде биле поканети и присуствувале и синдикатите и здруженијата на работодавачи, при што министерството ќе ги земе во предвид сите забелешки.

Во делот на Даночните реформи, Заменик министерот за Финансии, Филип Николоски даде осврт на данокот на солидарност и за намалување на сивата економија, поточно со кои начини и механизми ќе се ублажат даночните шокови врз бизнис секторот

На точките за енергетската криза и законот за заштита на потрошувачи, што е под  надлежност на Министерството за економија, заменик министерот Зоран Маневски ја презентираше динамиката на имплементација на предвидените мерки, да се дозволи компаниите кои се на регулираниот пазат да можат вишоците да ги пласираат во мрежата, односно да се овозможи откуп.

Треба да знаете
Последни објави