ВМРО-ДПМНЕ: Владата наместо да слави за одлуката во Стразбур, треба да се загрижи, суштината и правдата ќе излезат на виделина, судот само констатира дека апликациите се преуранети

Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели дека поднесените апликации од апликантите се преуранети и не навлегува во суштината на апликациите. Во одлуката се вели дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија.

Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на евро обврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед.

Треба да знаете
Последни објави