Актуелниот фудбалски првак на Англија, Манчестер сити го доби дербито во Лондон против лидерот Арсенал (1:3) и направи рокада на водечката позиција во премиерлигашката конкуренција. По мечот Гвардиола призна дека ја погрешил тактиката и дека поради тоа неговиот тим се мачел во првото полувреме од натпреварот.
Гвардиола како погрешна ја посочи одлуката да го игра Бернардо Силва како лев бек во првото полувреме.
-Во првото полувреме проблем беше мојата тактика, одлучив да играме нешто ново и тактиката беше ужасна. Во второто полувреме повеќе личевме на самите себе. Се мачевме да го контролираме мечот, затоа страдавме и тие беа многу подобри, но во второто полувреме бевме одлични, призна Пеп.