Денвер најдобриот тим на Западот во кошаркарската НБА-лига, го доби големото дерби против Далас (118:109). Ова беше пресметка мина во знакот на балкански кошаркарски ѕвезди, Словенецот Лука Дончиќ во дресот на Далас и Србионот Никола Јокиќ кај Далас. Двајцата пружија добри партија и беа предводници на своите екипи. На Дончиќ утеха му остана подобрата ефикасност од Јокиќ. Средбата ја заврши со 37 поени и девет асистенции, а српскиот кошаркар Јокиќ во победничкиот тим учествуваше со трипл-дабл сочинет од 14 поени, 10 скока и 13 асистенции. За „телињата“ од Тексас не настапи Кајри Ирвинг поради проблеми со грбот.
Бруклин предводен од Мајкл Бриџис, кој оствари личен рекорд со постигнати 45 поени, на домашен терен го совладас Мајами (116:105).
Резултати: Шарлот – Сан Антонио 120:110, Индијана – Чикаго 117:113, Атланта – Њујорк 101:122, Бостон – Детроит 127:109, Бруклин – Мајами 116:105, Филаделфија – Кливленд 118:112,
Мемфис – Јута 117:111, Оклахома – Хјустон 133:96, Денвер – Далас 118:109, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120:102.