Етиопјанецот Ламеха Гирма постави нов светски рекорд во сала на 3.000 метри на атлетскиот митинг одржан синоќа во француски Левин.
Гирма ја истрча патеката во време од 7:23, 81 минута и за 1.09 секунди го надмина досегашниот рекорд на Кениецот Даниел Комен.
Претходниот рекорд опстојуваше 25 години
Гирма (22) е олимписки вицешампион на 3.000 метри од Игрите 2020 во Токио.