Едно лице е убиено, а три се ранети во пукање во трговски центар во Ел Пасо, Тексас, соопшти локалната полиција.
Еден осомничен е во притвор, а полицијата трага по друг можен сторител, изјави портпаролот на полицијата Роберт Гомез. Мотивот за нападот засега е непознат.
Трговскиот центар „Сиело Виста“ е во непосредна близина на продавницата Волмарт, каде што вооружен маж уби 23 луѓе на 3 август 2019 година.